• петок, 05 декември 2025

Нов паркинг кај новиот дел од кејот на реката Вардар во Велес

Нов паркинг кај новиот дел од кејот на реката Вардар во Велес

Велес, 18 ноември 2025 (МИА) - Завршија градежните зафати за изградба на паркинг простор кај новоизградениот дел од кејот на реката Вардар од десната страна во Велес, кој во изминатите денови беше одбележан и хортикултурно уреден, со што новиот паркинг до доби својот лик. Располага со 20-тина паркинг места, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Како што најави градоначалникот Марко Колев, новиот паркинг во наредните денови ќе биде ставен во функција.

-Со оваа решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража во строгиот центар на Велес, потенцира Колев.ад/вј/

Фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан