• петок, 05 декември 2025

Нов мурал се изработува на Домот на културата во Кавадарци 

Нов мурал се изработува на Домот на културата во Кавадарци 

Кавадарци, 17 ноември 2025 (МИА) - Нов мурал се изработува на Домот на културата во Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  

- Во тек е изработката на новиот мурал на фасадата на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“, што се реализира по добиен проект поддржан од Министерството за култура. Со овој мурал се збогатува визуелниот изглед на јавниот простор и се подобрува естетиката на урбаното опкружување, додека истовремено се поттикнува соработката меѓу уметниците, институциите и заедницата, истакнаа од градоначалничкиот кабинет. свд/вј/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан