• петок, 05 декември 2025

Нов директор на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски

Нов директор на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски

Куманово, 25 ноември 2025 (МИА) - Нов директор на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски, кој доаѓа на местото на Оливер Стојмановски.

Липковски завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и е магистер на правни науки. На оваа позиција доаѓа од јавното претпријатие каде што работел во Одделот за човечки ресурси. Претходно работел и во подрачното одделение на ПИОМ.

- Ќе се залагам за подобрување на услугите кои претпријатието ги нуди кон правните и физичките лица, навремена испорака на вода до крајните корисници, стабилизирање на претпријатието, унапредување на услугите, изјави Липковски. ам/дма/

Фото: Липковски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан