„Нинтендо“ објави нова верзија на „Донки Конг“
- Уште поважно, според познавачите и љубителите на „Донки Конг“ - ова ХД-преработка на видеоиграта апсолутно вреди.

Токио, 6 февруари 2025 (МИА) - Јапонската компанија за видеоигри „Нинтендо“ ги објавува последните хитови за џебната конзола „Свич“ - чиешто производство е во својот залез, а пред да го воведе „Свич 2“. Се работи за „Донки Конг кантри ритрнс ХД“ (Donkey Kong Country Returns HD), којашто нѐ враќа во џунглата, во освежена верзија на класиката од 2010 година.
Уште поважно, според познавачите и љубителите на „Донки Конг“ - ова ХД-преработка на видеоиграта апсолутно вреди, пишува „Индекс“.
Најголемата предност, се чини, е подобрената графика. Играта изгледа почиста и „пошарена“ на екранот. Она што не е ново е - содржината. За разлика од претходната „3-Д“ верзија што донесе дополнителни нивоа, „ХД“ нема такви новитети.
Љубителите се надеваат на новости околу овој серијал видеоигри по издавањето на новиот „Свич 2“ што треба да биде пуштен во продажба налето. си/ссм/
Фото: Јутјуб