• сабота, 22 февруари 2025

Николоски ја претстави агендата за инфраструктурен развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

Николоски ја претстави агендата за инфраструктурен развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќање на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.    

Како што информира Министерството за транспорт, на Собранието, Николоски ја презентираше владината програма за развој на инфраструктурата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

- Само во јануари ставивме во функција 42 километри експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 километри експресни патишта и 40 километру автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во феруари  да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар,  така да целиот западен дел на Коридор 8 да се работи. Во делот на Коридор 10 д, ставивме во фунција еден дел од експресниот пат Прилеп - Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола, истакна вицепремиерот Николоски.Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на Коридор 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

Во делот на Коридор 10 работиме на изнаоѓање финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 километри на час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа, истакна вицепремиерот Николоски.

Во обраќањето тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови девет дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини наведе дека е постигнат договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти. - Исто така со Србија имаме интензивна комуникација да содадеме целосна функционалност со „One Stop Shop”, oчекувам до април со Косово да имаме „One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интенизивно работиме на нивно проширување и модернизацијa, истакна Николоски. лв/нд/

фото:Министерство за транспорт 

Остани поврзан