• петок, 09 јануари 2026

Николоски: На терен сум да се справиме со снегот што надоаѓа, сите патни правци се проодни и никаде нема застој

Николоски: На терен сум да се справиме со снегот што надоаѓа, сите патни правци се проодни и никаде нема застој

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - Тука сме во близина на селото Скудриње. Има две секции што веќе се покриваат, едната е Косоврасти, другата е Маврово. Би сакал да му честитам на прекрасниот тим на „Македонијапат“, на овие вредни луѓе што ги одржуваат чисти и проодни патните правци. Веќе се ставени во функција сите камиони со кои располага „Македонијапат“, а исто така помагаат и компаниите што се ангажирани да работат на расчистување на снегот, информира вицепремиерот и министер за транспор,т Александар Николоски. 

Тој нагласува дека на ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој, но истовремено апелира до граѓаните внимателно да ги користат патиштата, да ја приспособуваат брзината во согласност со условите на терен.

- Многу важно - да користат зимски гуми и секаде каде што е потребно опрема, од типот на синџири и сето она што е потребно и што го препорачуваат надлежните со цел да имаме сигурен и безбеден сообраќај, истакнува Николоски.

Министерот за транспорт потенцира дека се очекува оваа ситуација ќе се задржи и во следните денови и најавува дека ќе бидат во постојана комуникација и координација со цел да сообраќајот непречено се одвива на ниво на држава и граѓаните да стигаат онаму каде што е потребно, особено по празниците, бизнисот да може непречено да се одвива.

- Уште еднаш апел до граѓаните за одговорно возење и за почитување на сите правила што ги имаат надлежните и честитки до сите оние што деноноќно, по 24 часа, се обидуваат да се справат со овие снежни наноси, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски. сст/дма/

Фото принтскрин

 

Остани поврзан