Низа училишта во Грција добиле лажни заканувачки мејлови, испратени од Русија, за поставени бомби
- Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 31 јануари 2025 (МИА) – Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Мејловите на англиски јазик пристигнале главно во училиштата во областа Атика поширокиот регион на Атина, во Епир и во североисточна и централна Грција, а веднаш бил активирано блокирање од серверите на училишна мрежа.
- Заканувачките електронски пораки беа напишани на англиски јазик и предупредуваа за наводното постоење на експлозивен механизам во училиштата. Слични мејлови беа испратени минатиот понеделник до образовните единици во Словенија. Сепак, превентивно беше активиран безбедносниот протокол, информирани беа сите надлежни органи, поднесено е барање до Одделот за борба со компјутерски криминал за идентификување на испраќачот, а поднесена е и пријава до обвинителството, соопштија од надлежното Министерство. ср/ссм/