• сабота, 21 декември 2024

Нејмар блиску до враќање на терените

Нејмар блиску до враќање на терените

Ријад, 14 октомври 2024 (МИА) - Бразилската ѕвезда Нејмар е многу блиску до враќање на терените. Неговото опоравување од тешката повреда на коленото сега е во завршна фаза и тој би можел да настапи за една недела.

Напаѓачот на Ал-Хилал беше надвор од теренот околу една година, откако ги скина вкрстените лигаменти на левото колено додека беше со репрезентацијата на Бразил. 32-годишниот Нејмар продолжи со тренинзите со својот клубски тим на 29 септември. Според луѓето во клубот по неговото закрепнување, тој би можел да настапи на 21 октомври кога Ал-Хилал ќе се соочи со Ал-Аин во натпревар од азиската Лига на шампиони.

За оценката кога ќе може да смета на Бразилецот последниот збор ќе го има тренерот на тимот, Жорге Жесус. Тој ќе треба да добие одобрение од бразилскиот лекар Родриго Ласмар, кој ја изврши операцијата на коленото на играчот. Се очекува Ласмар во наредните денови да отпатува за Саудиска Арабија за лично да се запознае со состојбата на играчот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан