• среда, 22 јануари 2025

Мичел по триумфот на Џирона: Целта е да ја завршиме сезоната меѓу првите седум екипи

Мичел по триумфот на Џирона: Целта е да ја завршиме сезоната меѓу првите седум екипи

 

Барселона, 21 декември 2024 (МИА) – Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Џирона, Мичел, го поздрави враќањето на неговата екипа на победничките патеки со убедливиот триумф од 3-0 на домашен терен над Ваљадолид во Ла Лига и повика на конзистентност во вториот дел од сезоната.

„Видов многу добар тим, особено во работите што ни требаа – поголема агресивност со и без топка. Игравме многу добро“, рече Мичел на прес-конференцијата по натпреварот.

Со триумфот, во кој македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не учествуваше поради повреда, Џирона ја прекина серијата од шест натпревари без победа, се искачи на осмото место на табелата со 25 бодови.

„Мојата цел е тимот да биде меѓу седумте најдобри во поредокот во првенството. Ќе видиме дали сме способни, се потпираме на нашата константност“, посочи Мичел. ег 

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан