Невреме и поплави во Италија
- Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми.

Рим, 28 јануари 2025 (МИА) – Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми.
Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо.
Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има затрупани луѓе. јт/
Фото: АНСА