• сабота, 22 февруари 2025

Најстудено утрово во Битола -4, во Скопје два степена и магла

Најстудено утрово во Битола -4, во Скопје два степена и магла

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) -  Најстудено утрово е во Битола со -4 степени, во Прилеп е -3, Тетово -1, два степена над нулате е во Скопје, а најтопло е во Крушево 4 степени.

УХМР соопшти дека на Попова Шапка има снежна покривка од 44 сантиметри, во Крушево 18, а бо Битола 11.

Врмето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во крајните северозападни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а во котлините со магла од 2 до 6 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Фото: МИА

Остани поврзан