Најмалку четворица загинати во пожар во Хонг Конг
- Според локалните медиуми, неколку лица се блокирани во станбениот комплекс, што се наоѓа во квартот Тај По
Хонг Конг, 26 ноември 2025 (МИА) – Четири лица загинаа во пожарот што изби во еден од солитерите на станбен комплекс во Хонг Конг.
Според локалните медиуми, неколку лица се блокирани во станбениот комплекс, што се наоѓа во квартот Тај По.
Комплексот се состои од осум станбени згради, во кои се сместени околу 2.000 домови. ми/ссм/
фото: ЕПА