Најмалку тројца загинати во израелски напад врз Појасот Газа
- Најмалку три лица загинаа во денешниот израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската Цивилна заштита
Газа, 20 ноември 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа во денешниот израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската Цивилна заштита.
Израелската армија утрово нападна куќа во областа источно од Кан Јунис.
Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето што стапи во сила пред еден месец. ми/
фото: ДПА