• петок, 02 јануари 2026

Најмалку седум луѓе загинаа во протестите во Иран

Најмалку седум луѓе загинаа во протестите во Иран

Техеран, 2 јануари 2026 (МИА) – Протестите во Иран поради влошената економска ситуација вчера се проширија и во внатрешноста на земјата, а бројот на загинати во судир со властите се искачи на седум луѓе.

Интензитетот на протестите во Техеран се намали, но се прошири во другите делови на Иран.

Тоа се најмасовни протести во Иран од 2022 година по смртта на 22-годишната Иранка со курдско потекло, Махса Амини. Таа беше уапсена во 2022 година од така наречената Иранската морална полиција за наводно кршење на законот за задолжително носење шамија, а почина во притвор три дена подоцна.

Нејзината смрт предизвика масовни протести низ целата земја, што брзо ескалираа во повици за соборување на иранските власти. Според групите за човекови права, во судирите меѓу демонстрантите и иранската полиција загинаа повеќе од 500 луѓе, а над 22.000 беа приведени.

Најголеми судири имаше во градот Азна, во провинцијата Лорестан, 300 километри југозападно од Техеран, каде загинаа три лица.

Според локалните медиуми во градот Лореџан во провинцијата Чахар Махал и Бахтиари загинаа две лица.

Државните медиуми јавија дека во Фуладшахр, провинцијата Исфахан загинал еден маж.

Додека ноќта на 31 декември бил убиен 21-годишен доброволец на паравоената организација Басиџ, дел од Корпусот на гардата на Исламската револуција.

Во меѓувреме за протестите во градот Кухдашт, 400 километри југозападно од Техеран, приведени се 20 демонстранти.

Протестите почнаа на 28 декември во Техеран кога трговците го изразија својот револт поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар и растечката инфлација. Еден американски долар се менува за околу 1,4 милиони риали.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан вети економски реформи и изрази подготвеност на дијалог, но демонстрантите го игнорира.

Државната телевизија јави дека се приведени седум луѓе, од кои петмина се монархисти, а двајца се поврзани со Европа. Додека во друга операција биле конфискувани сто пиштоли. Но, телевизијата не наведе детали. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан