• петок, 05 декември 2025

Најмалку еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Киев, 29 ноември 2025 (МИА) - Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче.

Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор.

Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, како и дека бројот на повредени не е конечен. рп/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан