• среда, 10 декември 2025

Најмалку дванаесет загинати во голем пожар во станбена зграда во Кина

Најмалку дванаесет загинати во голем пожар во станбена зграда во Кина

Пекинг, 10 декември 2025 (МИА) - Дванаесет лица загинаа во пожар во станбена зграда во јужниот кинески град Шанту, објавија државните медиуми во Кина.

Пожарот избувна вчера во 21:20 часот по локално време во четирикатна зграда и беше изгаснат 40 минути подоцна.

Истрагата за причината за пожарот е во тек.

Инцидентот доаѓа откако бројот на жртви во најсмртоносниот пожар во Хонг Конг во последните децении, вчера се искачи на 160. Пожарот предизвика повици од кинеските лидери за елиминирање на безбедносните ризици во станбената индустрија.

Кина, исто така, објави сеопфатна инспекција на стандардите за противпожарна безбедност во високите згради низ целата земја минатиот месец по смртоносниот пожар во Хонг Конг.

Пожарот во Шанту е најновиот во низата слични смртоносни инциденти низ целата земја во последните години. Во април, 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северната покраина Хебеј. Неколку недели подоцна, пожар во ресторан во североисточна Кина уби 22 лица. мс/ми/

фото: Принтскрин „Х“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан