Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
- Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) – Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.
Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен.
Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.
Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани. јјт/
Фото: ЕПА