Најмалку 17 повредени во експлозија во станбена зона во кинеската провинција Шанкси
- Најмалку 17 лица се повредени во експлозија што го потресе станбениот дел од градот Таијуан, административен центар на кинеската покраина Шанкси, објави кинеската државна телевизија. Четворица од повредените се во тешка состојба.
Пекинг, 30 април 2025 (МИА) - Најмалку 17 лица се повредени во експлозија што го потресе станбениот дел од градот Таијуан, административен центар на кинеската покраина Шанкси, објави кинеската државна телевизија. Четворица од повредените се во тешка состојба.
Експлозијата се случила во 13 часот по локално време во населбата Саодан. Причините за експлозијата не се соопштуваат. Експлозијата била толку силна што скрши прозорци на згради на 100 метри оддалеченост.
Екипи за пребарување и спасување работат на лице место.
Претходно денеска кинеските медиуми објавија дека експлозија потресла станбена зона во град во кинеската покраина Шанкси и дека потоа избувнал пожар, но дека бил изгаснат. мс/
фото: МИА архива