Најмалку 17 загинати во голем пожар во деловна зграда во Џакарта
- Во пожар во деловна зграда во индонезиската престолнина Џакарта загинаа најмалку 17 лица, соопшти полицијата.
Џакарта, 9 декември 2025 (МИА) – Во пожар во деловна зграда во индонезиската престолнина Џакарта загинаа најмалку 17 лица, соопшти полицијата.
Пламените јазици зафатиле седумкатна зграда. Густиот црн чад што се издигаше предизвика паника меѓу жителите и вработените во централниот кварт на Џакарта. ссм/
фото: ЕПА