• вторник, 30 декември 2025

Најмалку 14 лица загинаа при превртување на автобус во Алжир

Најмалку 14 лица загинаа при превртување на автобус во Алжир

Алжир, 7 декември 2025 (МИА) – При превртување на автобус кој превезувал патници на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, на крајниот југ на Алжир, загинаа 14 лица, а 34 се повредени, соопштија денеска претставници на локалната цивилна заштита.

На фотографиите објавени од локалните медиумски сајтови се гледа автобусот како превртен лежи на покривот покрај патот, во градот Тебелбала, на околу 400 километри јужно од Бешар, на југот на земјата, пренесува Фигаро.

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изјави дека е „ожалостен“ поради несреќата и изрази сочувство до семејствата на жртвите. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан