• сабота, 21 февруари 2026

Најмалку 13 загинати во експлозија на гас во станбена зграда во Карачи

Најмалку 13 загинати во експлозија на гас во станбена зграда во Карачи

Карачи, 19 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 13 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во експлозија на гас во станбена зграда во Карачи, додека дел од зградата е делумно урнат, објавија денеска локалните власти.

Началникот на локалната полиција, Ризван Пател, изјави дека спасувачите сè уште ги расчистуваат урнатините за да пронајдат преживеани, јавија американските медиуми. Неколку лица се повредени, а операцијата за спасување е во тек.

Повеќето домаќинства во Карачи користат природен гас за готвење, но многумина се потпираат и на боци со ЛПГ поради нискиот притисок на природниот гас.

Ова не е прв случај на експлозија на гас во Пакистан. Во јули осум лица загинаа во слична експлозија во куќа во Исламабад за време на свадбен прием, потсетуваат медиумите.сд/рп/

Фото:Принтскрин Икс

Остани поврзан