Најмалку 11 загинати во пукање во илегален бар во Јужна Африка
- Во пукање во илегален бар во јужноафриканскиот град Преторија загинаа 11 луѓе, вклучувајќи тригодишно момче, соопшти денеска полицијата.
Јоханесбург, 6 декември 2025 (МИА) – Во пукање во илегален бар во јужноафриканскиот град Преторија загинаа 11 луѓе, вклучувајќи тригодишно момче, соопшти денеска полицијата.
Повредени се 14 луѓе, а се трага по тројца осомничени.
- Меѓу загинатите има тројца малолетници – момчиња на возраст од 3 и 12 години и една шеснаесетгодишна девојка, соопшти полицијата.
Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од околу 60 дневно. јт/
Фото: ЕПА архива