• петок, 15 мај 2026

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Законодавно-правната комисија, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог-законот за младински додаток и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелените зони, и двата во второ читање. Овие два предлози се на дневен ред во второ читање и на седницата на Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен за 2025 година.

Комитет за односи меѓу заедниците на денешната седница ќе избира претседател и заменик-претседател. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан