Средношколци од СОУ „Никола Карев“ од Скопје ќе го посетат Собранието во рамките на едукативниот настан „Имам став!“
- Средношколци од СОУ „Никола Карев“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.
Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Средношколци од СОУ „Никола Карев“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.
„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.
- Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост - соопшти собраниската прес-служба. фф/са/
Фото: МИА Архива