Сончево со умерена облачност, по котлините магливо и постудено
- Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот времето ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.