СЕММ ќе го презентира статистичкиот преглед за пристигнатите и обработени жалби во 2024 година
- Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска на прес-конференција ќе го презентира статистичкиот преглед за пристигнатите и обработени жалби во 2024 година.

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска на прес-конференција ќе го презентира статистичкиот преглед за пристигнатите и обработени жалби во 2024 година.
Претседателката на Комисијата за жалби при СЕММ, Снежана Трпевска ќе презентира куса анализа на трендовите во медиумското известување и најчестите прекршувања на Кодексот на новинарите и Насоките за известување на онлајн медиумите.
- Медиумската саморегулација е важен механизам за промовирање одговорност во новинарството, за унапредување на довебата во медиумите и за спречување на штетни содржини во медиумите. Овој механизам помага за заштита на слободата на изразување, го подобрува квалитетот на медиумските содржини и охрабрува транспарентност во информирањето, посочува СЕММ во најавата за настанот.
Повеќе детали за поднесените жалби до СЕММ против одредени медиумски содржини, како и за одлуките донесени од Комисијата за жалби може да се прочитаат на следниот линк. фф/бак/
Фото: Сајтот на СЕММ