Седница на собраниската Комисија за европски прашања
- Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање и со европско знаменце.
Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце.
Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
- Со Предлогот на закон на изменување и дополнување на Законот за јавните патишта се врши негово прецизирање, дополнување и дополнително усогласување со новите европски регулативи со цел да се имплеменираат интелигентни транспортни системи (ИТС) во Република Северна Македонија. Одредбите на Предлогот на закон немаат дополнителни финансиски последици врз буџетот и другите јавни финансиски средства, се наведува во образложението на законот. мд/бак/
Фото: МИА архива