• петок, 05 декември 2025

Регионална конференција „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”

Регионална конференција „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс, организира регионална конференција со наслов „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”.

-Иницијативата на едно место ќе собере високи државни чинители и експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од земјата, регионот како и ЕУ, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ги засегаат НАТО, Европската Унија и регионот, земајќи ги во предвид неизвесните и сè подинамични геополитички предизвици, велат организаторите.

Со воведно обраќање на темата, настанот ќе го отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а излагања ќе имаат и заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шеќеринска (видео обраќање), амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Ангела Агелер, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Петра Дрекслер, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија и пратеник Антонио Милошоски и пратеничката во Парламентот на Република Хрватска Здравка Бушиќ.

Во оваа прилика пред пошироката јавност ќе биде промовирана и најновата публикација со наслов „Низ мултиполарните води: Југоисточна Европа и стратегијата на ЕУ за Кина“. Клучните поенти од публикацијата ќе ги презентира една од авторите Ана Крстиновска од Асоцијацијата за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности- ЕСТИМА.сст/са/

Фото илустрација

 

 

 

Остани поврзан