• сабота, 22 февруари 2025

Промоција на две истражувања за евроинтеграцијата на државава

Промоција на две истражувања за евроинтеграцијата на државава

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска во Европска куќа – Скопје (Europe House-Skopje) ќе промовираат два истражувачки труда: „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2024)“ и „ЕУ интеграцијата во 2024: Од европски сон до македонска реалност“.

Анализите се изработени врз основа на истражувањето на јавното мислење за евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија спроведено во период октомври - декември 2024 година.

Настанот ќе биде отворен од Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија, и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје. Воведно обраќање ќе  има  Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија.

Истражувачките трудови ќе бидат презентирани од авторите - Иван Дамјановски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, и Анамарија Велиновска, истражувачка во Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија.

Институт за демократија и фондација „Конрад Аденауер“ соопшти дека осврт на резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење ќе дадат Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Викторија Трајков, заменик министер за европски прашања и Моника Зајкова, пратеничка и член на Националниот совет за евроинтеграции.

Како што е најавено, завршно обраќање на настанот ќе има Петра Дрекслер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија. хс/сa/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан