• петок, 15 мај 2026

Облачно со дожд и ветер

Облачно со дожд и ветер

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд.  Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан