• петок, 05 декември 2025

Независниот синдикат на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ја блокира „Илинденска“, бара септемвриска плата и К-15

Независниот синдикат на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ја блокира „Илинденска“, бара септемвриска плата и К-15

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Независниот синдикат на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје денеска од 9:30 до 12:00 часот ќе го блокира просторот кај семафорите на раскрсницата меѓу булеварот „Илинденска“ и улицата „Никола Тесла“.

Синдикатот бара исплата на септемвриската плата и К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос, како и исплата на помош за починат член на семејството. 

По овој повод е предвидена и изјава за медиумите во 10:30 часот. мч/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан