Завршен настан на проектот ЕУ за Економски раст
- Во организација на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) денеска во Скопје, ќе се одржи завршен настан на проектот ЕУ за Економски раст, кој е организиран во вид на саем со 49 изложувачи (мали и средни претпријатија).
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) денеска во Скопје, ќе се одржи завршен настан на проектот ЕУ за Економски раст, кој е организиран во вид на саем со 49 изложувачи (мали и средни претпријатија).
Организаторите најавуваат дека официјално обраќање ќе имаат претставници од Министерството за економија, Европската делегација, Германска амбасада и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). сст/са/
Фото МИА архива