Еднодневна работилница „Детски парламент“
- Во Собранието денеска ќе се одржи еднодневна работилница „Детски парламент“, во организација на Парламентарниот институт.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи еднодневна работилница „Детски парламент“, во организација на Парламентарниот институт.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на работилницата ќе учествуваат ученици и наставници од 16 основни училишта во Република Северна Македонија.
Детскиот парламент е проактивен пристап на законодавната власт да ја приближи работата на Собранието до младите, да придонесе за развој на демократска свест и култура на толеранција, како и поттикнување на младите за општествена и политичка критичност и вклученост. фф/бак/
Фото: Сајт на Собрание