Во Собранието едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта
- Во Собранието денеска ќе се одржи едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта.
Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта.
На настанот, како што информираат од собраниската прес-служба, учесници ќе бидат од СОУ „Ѓорѓи Димитров“ - Скопје.
Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија.
Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. фф/са/
Фото: Фејсбук на Собрание