• понеделник, 12 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Надминат проблемот со системот за хлорирање на водата во Дебар

Надминат проблемот со системот за хлорирање на водата во Дебар

Дебар, 18 април 2025 (МИА) - Водата за пиење во Дебар може да се користи, откако е надминат проблемот со системот за хлорирање, информираше Јавното комунално претпријатие „Стандард" кое стопанисува со водоводот Росоки - Дебар.

- Ги известуваме водокорисниците дека по максимална посветеност и со голем труд успеавме да го ставиме во функција системот за хлорирање, се е во ред и водата може да се користи без проблем, стои во соопштението.

Притоа се додава дека водата е квалитетна и може да се пие и без хлор, но дека претходното соопштение било во знак на превентивност.

Претпријатието вчера препорача водата за пиење пред консумирање да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Причина за тоа беше техничкиот дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата не се хлорираше. вт/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан