• вторник, 30 април 2024

Модриќ му соопштил на раководството на Реал за желбата да замине

Модриќ му соопштил на раководството на Реал за желбата да замине

Мадрид, 1 јуни 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ може да го напушти тимот, во летниот преоден рок.

 

Според „Diario Sport“  клуб од Саудиска Арабија на Модриќ му понудил договор на три години, за што би можел да добие 120 милиони евра. Во врска со ова, играчот на управата на Мадрид и порача дека е подготвен да го напушти тимот на лето.

 

Триесет и седумгодишниот играч за врска оваа сезона забележа 51 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и шест асистенции.

 

Договорот на Хрватот со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан