• сабота, 21 декември 2024

Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо

Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо

 

Загреб, 13 октомври 2024 (МИА) – Настапувајќи на дуелот против Шкотска синоќа во рамки на Лигата на нации, фудбалерот на мадридски Реал, Лука Модриќ го запиша 181. натпревар во дресот на хрватската репрезентација и се проби на второто место меѓу европските играчи со најмногу натпревари во националниот тим.

Модриќ досега со по 180 настапи го делеше второто место со својот поранешен соиграч од Реал, Шпанецот Серхио Рамос.

На врвот на вечната листа на европски играчи останува недопирливиот Кристијано Роналдо со 214 настапи за Португалија.

Модриќ дебитираше за хрватската репрезентација на 1 март 2006 година во пријателскиот натпревар против Аргентина. Со хрватската репрезентација настапи на четири мундијали (2006, 2014, 2018, 2022) и пет европски првенства (2008, 2012, 2016, 2020, 2024). ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан