• вторник, 21 јануари 2025

Германскиот Суперкуп ќе го носи името на Франц Бекенбауер

Германскиот Суперкуп ќе го носи името на Франц Бекенбауер

 

Берлин, 21 декември 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, соопшти синоќа германската фудбалска лига.

„Франц би сакал натпреварот меѓу шампионот и победникот на Купот да го носи неговото име“, изјави вдовицата на легендарниот германски фудбалер Хајди Бекенбауер.

Франц Бекенбауер, кој почина на 7 јануари оваа година, важи за најголемиот германски фудбалер на сите времиња.

Во 1974 година како капитен ја предводеше репрезентацијата до светската шампионска титула, а во 1990 година го повтори успехот како тренер. ег 

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан