• вторник, 06 јануари 2026

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска  во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Како што соопштуваат од Владината прес - служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.

Со возилата, контејнерите и кантите зa ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија во овие општини. Воедно,

-Владата во соработка со локалните самоуправи во идниов период ќе придонесе за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.

-Исто така се овозможува: значително зголемување на покриеноста со услуга за собирање на отпад во урбани и рурални средини, намалување на дивите депонии и неформалното исфрлање на отпадот, подобри услови за селекција и подготовка за рециклирање (две бои на садови за собирање на отпад, односно жолта боја за сува фракција и зелена за мократа - органска фракцција) и подготовка на системот за целосно функционирање на идната регионална депонија во Новаци односно центар за управување со отпад како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар, стои во соопштението. вг/са/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан