Бадникови поворки во Штип и Карбинци ќе го најават Христовото раѓање
- Бадникови поворки традиционално во Штип и Карбинци. Милена Ристова-Михајловска од Бадникови поворки за Штип вели дека од 10 часот од соборниот храм Свети Никола околу 400 дечиња пеејќи ја песната „Вечниот бог“, ќе го најават Христовото раѓање. Со жолтите ѕвездички и пештерката ќе се движат од храмот „Свети Никола“ до плоштадот „Слобода“.
Штип/Карбинци 6 јануари 2026 (МИА) – Бадникови поворки во Штип и Карбинци традиционално ќе го најават Христовото раѓање.
Милена Ристова-Михајловска од Бадникови поворки за Штип вели дека од 10 часот од соборниот храм „Свети Никола“ околу 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот бог“, ќе го најават Христовото раѓање. Со жолтите ѕвездички и пештерката ќе се движат од храмот „Свети Никола“ до плоштадот „Слобода“.
- Деветта година по ред ја најавуваме Бадниковата поворка во Штип. Ги повикуваме сите деца, младинци и возрасни да се вклучат во највеличествената Бадникова поворка, така што на 6 јануари со почеток од 10 часот, од храмот „Свети Никола“ ќе се движиме кон плоштадот „Слобода“ пеејќи ја песната Вечниот Бог“, вели Ристова – Михајловска.
Трета година по ред се организира Бадникова поворка и во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека над 150 дечиња пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, ќе го најават христовото раѓање. Дополнително општината обезбеди пакетчиња за дечињата и упати покана до сите масовно да се вклучат во поворката.
-Трета година Општина Карбинци заеднички со црквата ги организираме Бадниковите поворки. Обезбедивме 150 божикни пакетчиња, кои ќе бидат поделени на учесниците односно на дечињата, кои ќе ја предводат поворката. Очекувам и оваа година масовно да се приклучат сите дечиња, со цел да се најави раѓањето Христово, рече Паунов. вдј/паг/
Фото: МИА