• недела, 14 декември 2025

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Мерките на Владата во областа на туризмот даваат резултати и затоа во првите 10 месеци од годинава имаме повеќе од 5 проценти зголемување во вкупна бројка на туристи и близу 9 проценти странски туристи, но и околу 3 милиони преноќувања. Затоа ќе продолжиме со ваквите политики, бидејќи туризмот е многу значаен за помала земја како нашата и за промоција но и за кеш пари за македонската економија, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Тој очекува на крајот на годината да имаме двоцифрен број во проценти раст и во вкупниот број туристи, но и кај странските туристи.

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството

-Имаме некаде од прилика во првите 10 месеци околу три милиони регистрирани преноќувања што е добро и оекувам во следниот период таа бројка да се зголемува. Активно ќе работиме и работиме веќе со активни политики бидејќи туристичкиот сектор е многу важен оти прво е промоција за државата, за би рекол релативно малубројна држава тоа многу значи, и второ тоа значи и кеш пари во македонската економија, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на реконструирана полициска станица во Бутел.

Во однос на порастот на издадени одобренија за градење истакна оти тие во октомври месец имаат, како што рече, бум, односно се издадени некаде околу 22 - 23 проценти повеќе од минатат година.

Тоа, рече премиерот, значи дека има повеќе инвестиции, градба, и тоа, според него е добро за БДП во четвртиот последен квартал од годината. Додаде дека очекува позитивни резултати на крајот од годината. сст/дма/

Фото МИА 

Остани поврзан