Министерот Муртезани во посета на Општина Дебар
- Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља, на која присуствуваше и претседателот на Советот на општината, Африм Кркути.
Дебар, 20 ноември 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља, на која присуствуваше и претседателот на Советот на општината, Африм Кркути.
-На почетокот на средбата, министерот Муртезани му ја честиташе функцијата на градоначалникот Меља, посакувајќи му успех во раководењето со општината и во реализацијата на развојните проекти кои го очекуваат Дебар во наредниот период, информираше општинската прес-служба.
Целта на средбата беше зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и Владата како и унапредување на процесите на европска интеграција на локално ниво.

-За време на разговорот разменети беа мислења околу теми поврзани со развојот на општината согласно стандардите на еден европски град, вклучувајќи ја модернизацијата на инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, зголемувањето на капацитетите за искористување на европските фондови и проширувањето на туристичкиот и културниот потенцијал на регионот, стои во објавата.
Градоначалникот Меља ја истакна посветеноста на општината за реализирање на проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните.
Министерот Муртезани, од своја страна, ја изрази целосната поддршка на Владата за локалните иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и приближување на Дебар до европските практики.
-Двете страни се согласија дека оваа средба претставува почетна точка за продлабочување на институционалната соработка, воспоставувајќи цврста основа за реализација на конкретни проекти кои ќе го водат Дебар кон една модерна и европска иднина. Општина Дебар останува посветена на транспарентноста, развојот и обезбедувањето квалитетни услуги за сите граѓани, посочуваат од општинската прес-служба. вт/вј/
Фото: Општина Дебар