• вторник, 30 декември 2025

Милер и следната сезона во Ванкувер

Милер и следната сезона во Ванкувер


Ванкувер, 9 декември 2025 (МИА) – Актуелниот вицешампион во МЛС лигата Ванкувер, официјално објави денеска дека 36-годишниот германски фудбалер Томас Милер ќе игра за канадскиот клуб и следната сезона.
Неколку денови откако Ванкувер беше поразен во финалето на МЛС лигата од Интер Мајами, канадскиот клуб објави дека Милер го продолжил договорот за уште една сезона.
„Милер сè уште има желба и потреба за докажување. Тој сака да се подобри и сака да му помогне на нашиот клуб“, изјави тренерот на Ванкувер, данскиот стратег Јеспер Соренсен.
Милер дојде во Ванкувер оваа година од минхенски Баерн, единствениот клуб за кој претходно настапуваше во текот на својата кариера. Тој одигра седум натпревари во МЛС лигата за Ванкувер и постигна седум голови.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан