• сабота, 22 февруари 2025

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

7 Февруари 2025

Мадрид – Почнува дводневната средба на Патриоти за Европа, екстремно десничарскиот блок во Европскиот парламент.

Москва – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси ќе се сретне со генералниот директор на руската агенција за атомска енергија Росатом, Алексеј Лихачев.

Рига – Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе посети 500 војници од неговата земја кои се приклучија на мултинационалната бригада на НАТО во Летонија.

Братислава – Протест против словачката влада на премиерот Роберт Фицо.

Карачи – Пакистанската морнарица организира воени вежби со учество на странски земји до 11 февруари.

Остани поврзан