
31 Jaнуари
ЛОНДОН - Петгодишнина од повлекувањето на Велика Британија од Европската унија.
СТРАЗБУР - Годишна прес-конференција на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак.
ЗАГРЕБ - Повик за бојкот на сите продавници, производи и услуги во Хрватска поради рекордно високите цени.
САРАЕВО- Неформална група ги повика граѓаните на БиХ да ги бојкотираат продавниците поради високите цени на основните прехранбени производи.
АТИНА - Обид за избор на претседател на државата преку втор круг гласање на пратениците во грчкиот Парламент, за што е потребно мнозинство од 200 гласови од вкупно 300, што не се очекува.