МИА Најави - МКД
- 14 декември 2025
14 декември 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствуваат на отворањето на реконструираната полициска станица во Бутел. (во кругот на јавната установа „25 Мај”/12:00, изјави за медиумите)
Скопје - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција ќе ја претстави „Резолуцијата за осуда на манипулации на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ/11:00)
Скопје - Свечено одбележување на вториот роденден на политичка партија Движење ЗНАМ за наша Македонија. (х. „Холидеј ин“, сала „Милениум“/13:00)
Скопје - Втор ден од меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?" во организација на Либерално демократската партија (ЛДП). (х.„Александар Палас"/9:00)
Битола - Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и ЈУ Национален парк „Пелистер“ ќе го одбележат меѓународниот „Ден на планината“ и 90 години од формирањето на планинарскиот спортски клуб „Пелистер“. ( Почеток на планинарска тура, Цапари/9:00)
Битола - Премиера на мултимедијалниот проект „Дон Кихот“ на Дино Имери и Дијана Илкоска Имер. (Офицерски дом во Битола/20:00)
Скопје - Промоција на книгата - збирка поезија „Моите мечти и љубов“ од авторот Билјана Димулкова Тодоровска. (Галерија „КО-РА“, голем салон/18:00)
Сужоу - Современиот уметник Сашо Блазес учествува на меѓународната групна изложба „Par-delà les nuages – abstraction“, организирана од реномираниот француски колектив Réalités Nouvelles, која се одржува во Сужоу, Кина.
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***