
31 јануари 2025
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе се обратат на отворањето на ЕДИХ – првиот европски дигитален иновациски хаб во Северна Македонија во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии(ФЕИТ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ). (Центар за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ/10:00)
Скопје - Настан „Ден на извозот“, со работна седница на Националниот совет за извоз и со промоција на Клубот на извозници и на Институтот за извоз. (Стопанска комора на Северна Македонија, 5-ти кат, сала 4/11:00, свечено отворање на просториите на Институтот за извоз/12:00)
Загреб - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче во работна посета на Загреб, Република Хрватска.
Скопје - Прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика. (Простории на РКЕ/12:00)
Скпје - Прес-конференција на Комората на сметководители на Македонија. (Пред Министерство за финансии/14:30)
Скопје - Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Концерт на пијанистката Анастасија Кочева. (Културно информативен центар - Салон 19'19/20:00)
Скопје - Пријателите од колективот Гола планина со специјална џем сесија + музичка селекција по повод роденденот на Буква. (19:00)
_______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***