• четврток, 25 декември 2025
МИА Најави МКД

25 декември 2025 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00, изјави за медиумите по завршување на неформалната средба)

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 78-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала 6/10:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. (Сала на Советот на Општина Центар, барака бр. 6/10:00)

Крива Паланка - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски организира прошетка низ новогодишно украсениот град.

Скопје - Републичкиот совет за безбеднист на сообраќајот на патиштата  во рамки на традиционалните предновогодишни активности организира работен појадок со новинарите. (рес. Дион, Аеродром/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ за време на граѓанската блокада на раскрсницата на булевар „Борис
Трајковски“ и булевар „Србија“. (18:00)

Скопје - Кирил Ефремов Меѓу реалноста и сонот“ ретроспективна изложба на Кирил Ефремов. (Даут пашин амам/19:00)

Скопје - Изложба „Екс либрис“ (Ex Libris Exhibition). (Културно информативен центар КИЦ Скопје)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан