• среда, 14 јануари 2026

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Утрово најниска темепратура од -7 Целзиусови степени е измерена во Скопје кај Петровец, соопшти УХМР. Следуваат Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово со -6 степени, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола и Кавадарци, -4 во Прилеп и Попова Шапка, -3 Гевгелија, -2 Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови и -1 степен во Охрид, Претор и во Kрушево.

До 7 часот утрово највисока снежна покривка од 24 см има на Попова Шапка, 14 см во Маврови Анови, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан