13 ноември 2025
Скопје - По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на градот Скопје, собраниска делегација, предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Сергеј Попов, Малиша Станковиќ, Славјанка Петровска и Реџеп Исмаил, на 13 ноември 2025 година (четврток), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:
· 11:00 часот - Градски гробишта „Бутел“, на Партизанските гробишта;
· 11:30 часот - Алејата на великаните, Градски гробишта „Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски;
· 12:30 часот - Пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје
Скопје - По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:
· 11:00 часот - Пред споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел,
· 11:30 часот - Алејата на великаните, Градски гробишта „Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски;
· 12:30 часот - Пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје
.19:00 - Свечена церемонија за доделување на наградата „13 Ноември“ во Македонската опера и балет
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:30)
Скопје - Седница на Комисијата Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скокпје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 5/13:00)
Скопје - Прес конференција на пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче. (Собрание/12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром. (12:00 / предвидена е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски)
Гевгелија - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе присуствува на пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), проект финансиран од ЕУ. (Подружница ПШС „Кожув“ Гевгелија, во атарот на с. Конско, општина Гевгелија / 10:00 / предвидена е изјава за медиумите / линк од локација: https://maps.app.goo.gl/L7K8ng4hLrchV2nu5?g_st=av )
Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. (седиште на СДСМ/12:30)
Скопје - Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија (ЗПАРСМ) ќе одржи прес-конференицја пред потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу APhA, Фармацевтската комора и ЗПАРСМ. (Фармацевтска комора на РСМ/11:30, потпишување на Меморандумот/12:00)
Скопје - Шеста меѓународна научна конференција „Economic and Business Trends Shaping the Future“ (EBTSF-25) во организација на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Куманово - Прес-конференција на ЦИВИЛ - Центар за слобода. (Општинска сала - Комитет/12:30)
Битола - УКЛО Битола го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. (Офицерски дом/10:30)
Битола - Прес-конференција на НУ Народен театар - Битола посветена на новото издание на „Битола Шекспир фестивал“. (Народен театар/10:00)
Скопје - Концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Недела на јапонски филм. (Кинотека/19:00)
Скопје - Интернационална групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ-Скопје „Истокот e сè уште можен“. (Музеј на современа уметност/20:00)
Скопје - Детскиот културен центар „Карпош“ ќе го прослави празникот 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје со манифестацијата „Го градам мојот град“. (ЈУ Детски културен центар „Карпош“/10:00)
Скопје - Промоција на збирката поезија „Чувари на малите нешта“ на Ана Пејчинова. (Литературно кафе Метаноја/19:00)
Кавадарци - Театарот при Домот на културата Кавадарци премиерно ќе ја одигра претставата „Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. (19:00)
_______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***